Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Tајвански „Јагео“ влегува во Македонија – досега најголема гринфлид инвестиција

/

пред 1276 дена

Сподели преку :

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска во Таипеи, Тајван, ќе потпише договор со „Јагео“ за нова инвестиција во Македонија.

Станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето.

Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на компанијата. Предвидено е најпрво поздравни обраќања да имаат директорот Деспотовски и претставник на компанијата, а потоа, преку видео-конференциска врска, се очекува да се вклучи и премиерот Димитар Ковачевски.

Делегацијата што ја предводи Деспотовски утре ќе има можност да ја посети фабриката на „Јагео“ во Каошунг.

„Јагео“ е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации). Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40.000 вработени.