Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Талат Џафери го демантира Александар Николовски дека измените на Кривичниот законик ги добил на УСБ од Груевски

/

пред 1103 дена

Сподели преку :

Претседателот на Собранието добил документи со измени на Кривичниот законик, но не од поранешниот премиер Никола Груевски, туку од предлагачот, односно владата.

На прашањето, дали измените на Кривичниот законик што веќе поминаа во Собранието и стапија на сила, се еднакви со тие кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николовски, ги презентираше вчера, рече дека нема потреба тој да прави анализа на материјалот.

Николоски покажа у-ес-бе, за кое тврди дека е она што деновиве го спомнуваше Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои вели дека се содржината од УСБ-то.

Според него, активностите на Груевски траат околу година ипол, а се засилиле во февруари годинава. Комуникацијата со него ја поттикнале, пред сè, од политичката партија ДУИ, а потоа и СДСМ, со цел да се привлечат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени.

Синоќа Груевски негираше дека имал каква било врска со измените на Кривичниот законик, а таканаречените докази ги нарече измислица.Со истиот став денеска излезе и Џафери.