Наредната недела се очекува враќање на повеќе повредени од пожарот во Кочани кои сега се лекуваат во странство, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб.
Протоколот за враќање ќе биде испратен во Министерството за надворешни работи. Таравари соопшти дека во болниците во земјава се лекуваат 55 повредени, а во странство има 116 повредени. Петтемина повредени кои се во критична состојба се на лекување во странство.











