Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тасева: Савески најпрво треба да го задржи својот интегритет, да не сте му во кожа, го чека многу работа

/

пред 209 дена

Сподели преку :

Со оглед на состојбата во Јавното обвинителство, лошата доверба, односно недостатокот на доверба, начинот на кој што тоа функционира, нетранспарентноста, сите проблеми кои што внатре ги имаат, недоволните ресурси со кои располагаат, од новиот државен јавен обвинител очекуваме најпрво да го задржи својот интегритет, рече Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ за изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. 

„Верувам во професионалноста и сето она што досега го направил и многу зависи од личниот интегритет. Никој не кажа дека има сомнеж во неговиот личен интегритет, професионално однесување или учинок, сите беа позитивни во тој дел. Е, сега тој личен, професионален интегритет и заложбата за реформа треба да бидат први на местото во неговото делување. Жал ми е што тој стапува на функција во моментот кога се носи законот кој што кажува дека не е тоа што тој сака да го прави во јавното обвинителство. Тоа е апсолутно лоша коинциденција“, смета Тасева.

Таа нагласи дека од Ненад Савески очекува многу, бидејќи, како што рече, „тргнува од минус или од нула“ за да ја реорганизира таа јавна институција.

„Да не сте му во кожа, ќе има голема работа“, додаде Тасева.

С.Д.