Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Татко физички нападнал малолетни играчи – обвинение за насилството на фудбалски натпревар во Штип

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Насилство“, по инцидентот што се случи на 24 август на фудбалскиот стадион „Бело Брдо“ во Штип, за време на натпревар меѓу пионерските екипи на Брегалница и Шкупи.

Според обвинението, обвинетиот со грубо насилство ја загрозил сигурноста на оштетените две 15-годишни деца, играчи во тимот на Брегалница, односно, на децата им нанел телесни повреди, а кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на обвинетиот, кој играл за Шкупи. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на Брегалница. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот“, се вели во обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Штип.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.