Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Технички проблем: Шведска го исклучи најголемиот нуклеарен реактор во земјата

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Шведска денеска го затвори најголемиот реактор на нуклеарната централа Оскархамн во земјата поради гасење на турбината, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на шведските медиуми.

„Реакторот број 3 на Оскархамн е исклучен од електричната мрежа поради гасење на турбината. Продолжува потрагата по решение за проблемот“, изјави портпаролот на централата.

Шведска има шест активни реактори во три нуклеарни централи, наведува агенцијата. Третиот реактор Оскархамн е најголем и има капацитет од 1.400 мегавати.