Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Техничкиот проект за изградба на спомен обележје „Ангели“ во чест на 62-цата загинати млади луѓе во пожарот во Кочани

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Здружението „16 март 2025-Кочани“ го изготви техничкиот проект за изградба на спомен обележје  „Ангели“, кое треба да биде сместено на планината Пониква, во близина на локалитетот Аеродром.

Спомен обележјето ќе сведочи за најголемата трагедија во земјава, во којашто животите ги загубија 62 млади луѓе во пожарот во дискотеката „Пулс“, се работи за монумент со парковско уредување на површина со димензии 30на 40метри.

На средина ќе биде поставен  метален столб висок 9метри. Се предвидува да се изгради мал параклис, да се постват клупи и да се засадат дрвца.

Идејата за монументот е на Тошо Антов, чија единствена ќерка настрада во трагедијата. Тој вели дека  Здружението  има добиено согласност од Јавното претпријатие за државни патишта, со оглед на тоа што монументот „Ангели“ е во непосредна близина на регионален пат.

Барање за согласност е доставено и до Советот на Општина Кочани, по што општината треба да издаде решение за поставување на урбана опрема.