Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телекомуникациската кула на Водно, висока 155 метри – повеќенаменски објект чија изградба чинеше 18 милиони евра

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Дали кулата на Водно на Агенцијата за електронски комуникации ќе стане новиот симбол на Скопје? Изградбата, која траеше 12 години, е конечно завршена, а за да може да биде отворена за посетители, се завршуваат последните финеси.

Телма одлучи да ја посети кулата за одблиску да прикажеме – што таа ќе претставува, туристичка атракција, ресторантски павиљон или ќе служи за својата основна намена –  поставување на системи за покривање на Скопје и околината со сигнал за мобилна телефонија.

,,Останува да се монтира резервоарот за нафта каде треба да стои на позиција каде што беше подножјето на кранот. Во изминатите 10 дена кранот е симнат, веќе постапуваме кон отварање и создавање на место каде ке стои резервоарот за нафта. Останува уште на неколку столба да се постави осветлувањето и еден од најголемите проблеми, приклучок со електрична енергија на мрежата од ЕВН.’’ -изјави Орце Симов, претседател на комисијата за електронска комуникација

Кулата се состои од четири платформи со површина од 200 метри2. Првата е наменета за опрема на војската и полицијата, втората за мобилни оператори, а третата за македонската радио дифузија. На неа ќе бидат поставени антенски комплекси за зрачење на сигналот за дигитално радио – даб.

Последната ќе биде наменета за посетителите.

На оваа платформа не е предвидено да се организираат свадби и прослави.

,,Таа според проектот е предвидено да има 14 маси на кои ке можат да седат 4 луѓе, вкупно 56 посетители и таа ќе се користи за угостителско туристички потреби и ќе се служи пијалок или ладен сендвич, нема да се готви храна.’’ – додаде Симов.

Пристап со возило до кулата не е возможен. Патот од средно Водно до врвот нема услови за сообраќај и станува збор за пешачка патека со рампа.

,,Патот дали ќе биде пуштен за сообраќај од средно Водно до тука не зависи од нас, зависи од градот Скопје. Во моментов тој пат не е пуштен за сообраќај и ние нема да бараме да биде пуштен. До овде ќе може да се стигне пеш или со жичара.’’ – вели Симов.

Спортските рекреативци на Водно ја споделија нивната загриженост, дека можеби ќе се наруши мирот на планинарите и нивното слободно движење, доколку се отвори патот и се дозволи до врвот на Водно да се стигнува и со возила. Сепак засега нема вакви планови.

„Сметам дека ќе има метеж и дека тоа ќе им смета на рекреативците“ -изјави за Телма еден рекреативец.

„Да,ќе смета.Сега разговаравме со пријателите за тоа, ќе мора да се отвори рампата и ке се движат возила горе, инаку нема да биде исплатливо постоењето на самото кафуле“ – додава друг рекреативец.

Кулата на Водно се смета за средно висока кула во Европа со 155 метри. Во Македонија е највисокиот објект. Изградбата на кулата досега чинеше 18 милиони евра.

Градбата траеше нелогично долго повеќе од 12 години и беше неколку пати стопирана. Рокот до кога требаше да биде готова кулата е неколку пати продолжуван.

Марија Коцева