Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава: ЕСМ ќе понуди над 15 отсто повисока цена на струјата за киловат час за ЕВН Хоум

/

пред 1400 дена

Сподели преку :

Од 55 до 57 евра е цената за мегават час која ЕСМ ќе ја понуди на ЕВН Хоум, дознава Телма. Цената вчера беше формирана на затворена седница на Владата и од неа зависат пресметките на Регулаторната Комисија и тоа дали и колку ќе поскапи струјата која ќе ја плаќаат граѓаните и сите кои се на регулираниот пазар.

По оваа цена државните електрани од 1 јануари до 30 јуни ќе ја продаваат произведената струја на ЕВН Хоум а реалната цена на производство е 73 евра за мегават час па разликата ќе се покрива со пари од Буџетот.

Досегашната цена на ЕСМ за ЕВН ХОУМ беше 48 евра за мегават час а новата е за околу 15 отсто повисока од сегашната.