Овој автобус е меѓупоследните кои денеска на пладне ја завршува својата линија. Од скопските улици завршува во гаража. Како што дознава Телма сите превозници едногласно одлучиле да престанат да возат. Причината е ветената, но не зголемена цена по изминат километар. Гневни што иницијативата не се најде на денешната седница, алармираа дека ќе возат редуцирано се додека не ги добијат нивните барања.
Макфире Исени советник во градот Скопје за Телма тврди дека иницијативата за зголемување на цената по изминат километар ја доставила во понеделникот и до градоначалничката и до советот, но ја одбиле со образложение дека било доцна да ја стават на дневен ред.
Претседателот на совет Трајко Славевски за Телма вели дека може да се дискутира единствено по предлог одлука на градоначалник, но такво нешто немало.
„Градоначалник ниту има доставено предлог-одлука, ниту пак некој предложи дополнителна точка при усвојување на дневниот ред“, вели Трајко Славевски претседател на совет на град Скопје.
Ова не е прв пат приватните превозници да престанат со работа.
Симона Петровска











