Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

/

пред 880 дена

Сподели преку :

Телма неофицијално дознава дека е приведен Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители, тој е и поранешен Народен правобранител кој ја извршувал функцијата од декември 2004 до 2020 година.

Извршен претрес во канцеларијата на Иџет Мемети

Има сомнение дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата заменик претседател на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

Се чека потврда од МВР.

Според информациите на Телма, судијата Горгиев е опфатен во истрага поради сомнеж за барање мито и за поткуп. Во моментот се во тек активности поврзани со судискиот имунитет. За имунитетот на судиите е задолжен Судски совет, а при истраги за судии, сите мерки кои се бараат од страна на надлежните органи за истражување треба да бидат одобрени од Судскиот Совет кој треба да биде известен за тоа.

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана