Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телото на починатиот на обдукција, се обезбедуваат снимки од видеонадзорот – детали по увидот за вчерашното пукање кај Бит Пазар

/

пред 554 дена

Сподели преку :

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од лице место биле прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител, се додава во соопштението, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.