Кога растат бројките на ПМ честички во воздухот, игралиштата осамнуваат без детски џагор. Деценискиот проблем остава долгогодишни последици по здравјето на помалите како отежнато мислење, проблеми со говорот, размислувањето проблеми со менталното здравје, вели доктор Андоновски.
Температурите се спуштија, скокнаа штетните пм10 честички. Алармот за спас од загадениот воздух е голем, но решение на проблемот ни на повидок. Надлежните во обид да направат чекор напред, лекарите го вклучија црвениот аларм. Болниците полни, децата дишат загаден воздух.
Дека децата дишат загаден воздух што влијае врз нивното здравје и врз способноста за концрнтрација и учење, алармираа професорите.Со свој став и еко активистисте кои сметаат дека со години не е мрднато од мртва точка а потребни се и системски решенија.
Загадениот воздух е најголемата еколошка закана по здравјето на луѓето во регионот, а во Македонија годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе.
Главниот град често пати е меѓу европските и светските прваци по загаден воздух. Во последните неколку денови, се најде меѓу првите десет градови по аерозагадување. И податоците од мерните станици на Министерството за животна средина во сите скопски општини покажаа високо ниво на ПМ 10 честички. Загадување на воздухот има и во другите градови низ државата.
Симона Петровска











