Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тенкиот паричник каска зад високите велигденски цени

/

пред 890 дена

Сподели преку :

Пазарите полни, во маркетите гужви, цените високи. Граѓаните ги прават последните подготовки за Велигден. Во споредба со лани забележале дека зголемени се цените на речиси сите производи, а во однос на другите години разликата велат е огромна. Поскапо се продава јагнешкото, но цените на овошјето и зеленчукот повторно рушат рекорди. Сепак, велат се обидуваат да обезбедат се што е потребно за велигденската трпеза.

-Скапо е, општо земено се е скапо секој купува колку може..

-Склапо е но зависи за кого како, во однос на лани се многу повисоки но што да се прави

-Повисоки се цените во однсо на лани, не успеавме се да обезбедиме. 

Цените кај јајцата се различни, се движи од 7 до 10 денари за јајце. Некаде е и повисока.  Килограм јагнешко пак чини речиси 600 денари.

По пазарите цената на пиперките достигнува и до 200 денари за килограм. Краставиците пак се продаваат и по 120 денари за килограм.

Цената за килограм домати достигнува и до 180 денари. Но, пазарџиите велат дека увозниот е поевтин од  домашниот, со образложение дека тој е со помал квалитет.

Граѓаните веќе подолго време се борат со високи цени и скапотијата. Но, од друга страна интересно е што статистиката покажува намалување на инфлацијата.

Според,  последните податоци, во март годинава во споредба со март лани , трошоците за живот се зголемени за околу 4 проценти. Ова е далеку пониско во однос на онаа што се случуваше лани. Но, граѓаните ваквиот пад не можат да го почувствуваат.

Последните бројки во статистиката покажуваат дека токму кај овошјето и зеленчукот има најголем раст на цените.

Но, тука се и месото, лебот и житата, шеќерот, кафето, чајот, чоколадите  и кај другите прехрамбени производи.

Се поизвесно е дека наскоро граѓаните нема да се израдуваат на некое поевтинување. Според, бројките и светските цени растат веќе втор месец по ред.

Ирена Чачкова