Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Tепаше жена во живо на „ТикТок“ – приведен насилник од Радовиш

/

пред 574 дена

Сподели преку :

Припадници на министерството за внатрешни работи (МВР) го приведоа насилникот од Радовиш кој тепаше жена, а насилството го пренесуваше во живо на социјалната платформа „Тик Ток“. Лицето веднаш е однесено во станица, потврдуваат од МВР.

Вознемирувачкото видео се прошири на социјалните мрежи, а сведоци велат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца.

На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена. На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира жената, а против истиот веќе има активен судски спор, бидејќи претходно малтретирал друга жртва.

Согласно закон за кривичното дело „Семејно насилство“, неопходен е предлог за кривично гонење, но жената одбивала кривичен прогон и изјавувала дека видеото е старо и покрај тоа што од снимката каде насилникот се гледа како ја тепа стои сабота 22 март 2025 година.

Жртвите честопати поради страв од одмазда продолжуваат да го трпат насилството и истото не го пријавуваат.