Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тестирање на сообраќајните камери во Куманово и Тетово

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 25 јануари 2026 година, ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на сообраќајните камери поставени во градовите Куманово и Тетово во рамки на проектот „Безбеден град“.

Активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација постапката ќе трае кратко, околу 15 до 30 минути, и ќе се изврши еднократно.

За време на тестирањето на конкретната локација, сообраќајот ќе биде привремено ограничен, по што ќе продолжи нормално.

Министерството ги повикува граѓаните и возачите на трпение, разбирање и соработка за непречено спроведување на активностите.

Зелено светло за казни од камерите на „Сејф сити“, црвен аларм за податоците – изгласани измените на Законот за прекршоци со двотретинско мнозинство