Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТФТ против Борац Чачак за влез во АБА лигата

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на ТФТ Скопје се пред голем клупски предизвик на меѓународната сцена каде вечерва на гостински паркет ќе го стартуваат надигрувањето со Борац Чачак кое ќе биде директна битка и последна шанса сезонава за пласман во АБА лигата.

Место во елитната конкуренција ќе има за екипата која прва ќе дојде до две победи. Тимот од Тафталиџе беше блиску до освојување на АБА билетот, но во финалето од втората по ранг АБА конкуренција загуби од Широки Бријег.

И во овој, нов предизвик, ТФТ ја нема фаворитската улога, со оглед на тоа што Борац Чачак сезонава ја комплетираше како претпоследен во елитната АБА конкуренција. Без разлика на предвидувањата, предводникот на македонскиот состав, Боро Смилковски истакна дека ова ќе биде уникатно искуство за него и неговите кошаркари, но имајќи предвид дека противникот има квалитетен состав со играчи од клупската школа, како и играчи со големо АБА искуство, за еветуален успех ќе биде потребно најдоброто издание на ТФТ досега.

Вечерашниот натпревар кој ќе се одигра во спортската сала „Борац“ во Чачак е закажан во 20:30 часот.