Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тим од Словенија и хеликоптер од Чешка доаѓаат на помош во борбата со пожарите

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Чешка е првата земја која праќа воздухоплов за гаснење на шумските пожари во земјава. На активираниот ЕУ механизам за цивилна заштита претходно одговорија и Словенија и Франција. Пожарникарите од Словенија, кои и во 2021 година ги спасуваа шумите и селата од огнените јазици во Малешевијата пристигнуваат утревечер во Берово.

-Словенечката екипа ќе тргне утре околу пладне и се очекува да пристигне во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово, каде ќе се приклучат на напорите за справување со пожарите на планината Готен и ќе им дадат поддршка на локалните сили, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

50 те пожарникари од Словенија ќе се лоцираат на Градскиот стадион во Берово. Во тек е и состанок на кризниот штаб  со цел да се координираат сите сили за утрешната интервенција на планината Готен, каде што гори високостеблеста шума и на Беровска и на Радовишка страна. Советниците во Советот на Општина Берово денеска имаа и вонредна седница на која што изгласаа од буџетот да се издвојат средства за вода, храна и се што е потребно за професионалците и доброволците кои се на огнената линија, а е долга неколку километри. Ангелов претходно изјави дека дел од пожарите се подметнати

-Можеби некој се надева дека ќе може да ја сече изгорената шума, бидејќи на неколку места имаме пожари кои на необјаснив начин се појавија во висококвалитетна шума, како пожарот кој изби кај Македонска Каменица. Постојат можности и за патолошки мотиви, односно пиромани, лица кои уживаат да гледаат оган, но тие не би запалиле оган во населено место каде би биле видени, фатени, снимени, изјави Ангелов.

Во земјава до 18 часот регистрирани се 20 пожари, од кои 10 се активни, но оваа бројка се менува од миг во миг. Шумски пожари има кај Македонска Каменица, Чашка, Прилепско, Македонски Брод, Желино, Ресен, Крива Паланка и во  скопскиот регион кај Илинден. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција рече дека за разлика од минатите години закајната се капацитети на институциите со специјализирани возила за гаснење на пожарите, склучени се договори и со пилотите за ер тракторите и за оваа и за следната година. Тој апелираше месното население во селата да си ги заштити куќите и викендици со орање на површините околу нив.

Викторија Јованова