Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тинејџер од тетовско испраќал закани за бомби во училишта – полицијата по вторпат го приведе

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Лишен од слобода 18-годишник од тетовското село Палатица кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средното медицинско училиште во Тетово. Ова е вторпат да биде приведен од полицијата, откако во февруари беше осомничен дека ги праќа лажните пријави за бомби во училиштата.

Со фотографија со две пушки во рацете, овој 18-годишник испраќал пораки до средношколците во тетовското медицинско училиште со закани дека ќе постави бомби и ќе убие некого. Неколку професори од средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово за овие закани дознале од родители на ученици, па случајот го пријавиле во полицијата.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с. Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р. (18) за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат од СВР Тетово.

Ова е второ приведување на осомничениот 18 годишник. Тој на 27 февруари, исто така, во Палатица е лишен од слобода од полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при министерството за внатрешни работи.

Тогаш беше осомничен дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки до образовни институции во Тетово со известување за поставени експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни, а при апсењето му се одземени повеќе електронски уреди.

Александар Самарџиев