Двајца малолетници на возраст од 14 и 13 години од Штип живеат во вонбрачна заедница. Стручните служби со родителите на малолетниците веќе разговарале, кои ветиле дека нивните деца ќе го дооформат своето основно образование.
Во Штип намален е бројот на малолетнички бракови во изминатите години. Според Адемов голема заслуга имаат постојаните едукации и разговори и со родителите и со децата, а овде допринесува и Кривичниот законик, детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку немаат 16 години.
Со донесувањето на законските измени, брак може да се склучи само доколку и двајцата партнери се минимум 16 години и имат согласност од родителите. Адемов истакна дека ова придонесува за намалување на бројот на малолетнички бракови во последните неколку години.
Лани во земјава биле склучени 112 бракови, меѓу брачни другари кои не наполниле 20 години.
Викторија Димитрова Јованова











