Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

/

пред 520 дена

Сподели преку :

Нови повици за неселективна правда, испратија кочанчани попладенево од протестот, кој помина во тишина.

Во рацете држеа фотографии од загинатите, како потсетик за ужасната трагедија после која градот замре.

Тишина погласна и од зборови.  Два месеци по трагедијата, семејствата на жртвите и повредните во страотниот пожар во „Пулс“ повторно ги повикуваат надлежните правдата да излезе на виделина.

Колоната тргна од Општината во една бројка, но стануваше се помасовна и погуста како се движеше низ кочанските улици, застанувајќи пред полициската станица, па пред Судот и Обвинителството.