Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТИТАН УСЈЕ соопшти дека не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон, се вели во редовниот неделен извештај од цементарницата.

  • Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Од компанијата велат дека производството запира доколку филтрите не работат, односно дека технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

Зелен хуман град: Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ

ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот, а паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

  • Потсетуваат дека работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа. Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима, велат од цементарница. Објаснуваат дека поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

(видео)Мицкоски ќе почека прво да пристигне иницијативата за дислокација на Усле, а потоа и да ја разгледа

Б.С.