Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тлото на Санторини не престанува да се тресе

/

пред 595 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран утрово неколку минути пред девет часот во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, следен од помал потрес од 4,2 степени.

Ова е само дел од серијата земјотреси кои започнаа на 26 јануари, од кога се регистрирани повеќе од 19.200 земјотреси, од кои над 16.900 биле посилни од 1 степен.

Заради оваа сеизмичка активност, училиштата на овие острови ќе останат затворени и оваа седмица. Препораките до граѓаните вклучуваат избегнување на големи собири, избегнување на пристаништа и приспособување на безбедни рути за движење.

Премиерот Кирјакос Мицотакис ги предупреди граѓаните за нестабилната динамика на земјотресите. На островите Аморгос и Санторини на сила е вонредна состојба.