Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тодоров: Ќе направам посебен комуникациски канал со родителите на настраданите

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Зоран Тодоров, кандидат за градоначалник на Кочани од Група Избирачи вечерва истакна дека најпрво ќе направи посебен комуникациски канал со родителите на настраданите за да ги дознае сите проблеми кои тие ги имаат во моментот и на кој начин тие можат да се решат.

  • Со секого посебно би поразговарале и би се обиделе се што е во можност општината да помогне и за лекување и за тие кои имаат некого загубено во оваа несреќа. Тоа треба да се направи системски, а не поединечно. Во првите сто дена ова што го гледаме на улиците сакаме да го исчистиме и да имаме чист град за сто дена. Потоа сакаме да направиме целосна реорганизација на сите институции во градот како во комуналното претпријатие така и во општината поставувајќи најквалитетни луѓе на високи позиции за да смениме досегашната пракса, а тоа е негативната селекција кога лоши луѓе се ставаа на добри места само заради некои лични интереси и не секогаш партиски, туку и од некоја друга природа. Прво тоа ќе го направиме за да можеме да пристапиме кон реализација на проектите кои ги имаме зацртано за следните години за да имаме функционална општина. Тоа е од е-Кочани, па се до најобичните проблеми кои ги засегаат граѓаните како заштита од поплави пожари и се друго, рече Тодоров.

Б.С.