Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Томовски: Жерновски зема плата од 1000 евра месечно за градба на Клинички кој не се гради

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Андреј Жерновски, кој повеќе од година ипол е дел од проектната единица за Клинички центар, за тоа зема месечен надомест од 1.000 евра, ВМРО – ДПМНЕ објавува продолжение на мега аферата Паразит.

  • Жерновски, до сега земал над 18.000 евра од министерството за здравство. А, намената за која што ги зема тие средства не е оправдана. Клинички центар нема, ниту се гради тој во Штип, а тој во Скопје не е ниту во фаза да почне да се гради, рече Томовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Опозицијата бара одговор од владата зошто се држи Жерновски на позицијата и зошто му се исплаќаат по 1.000 евра месечно, иако за тоа нема потреба.

  • Иста е ситуацијата и со Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, кој зема месечна плата од над 2.000 евра, рече Томовски од ВМРО – ДПМНЕ.

Аферата „Паразити“, покажува како група функционери именувани од владата земаат огромни суми пари по основ на плата во време кога имаме економска криза, а притоа не гледаме со што тие ги оправдале овие примања.