Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција изјави дека во пожарот кој избувна ноќва во дискотека во Кочани загинале 51 лице а повредени се над 100. Според првичните информации пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства за светлосен ефект кои се користени на концертот .
“Со длабока тага и болка до сега живот изгубија 51 лице а повеќе од 100 се повредени и однесени во болниците во Штип , Кочани и Скопје.
Тошкоски не одговори дали ќе поднесе оставка, но изјави дека секој треба да чувствува морална одговорнсот за оваа национална трагедија.
Тошковски вели дека искрите го зафатиле таванот кој бил од лесна запалива материја се проширил и се создал густ чад. Служби од итната од Кочани и од соседните градови веднаш пристигнале на местото на несреќата заедно со против пожарните служби а активирани се и хелихоптери од МВР кои се вклучени во транспортот.
МВР ја испитува одговорноста на сите инволвирани во организацијата на концертот.
Тој изрази сочуство за најблиските на жртвите од оваа трагедија.











