Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“

/

пред 669 дена

Сподели преку :

Не би сакал да шпекулирам, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прашањето каде е Артан Груби.

Локацијата на поранешниот висок владин и партиски функционер, кој е во бегство, овие два дена е главна тема во јавноста, откако првиот вицепремиер Изет Меџити отвори дилеми дали тој навистина се наоѓа на Косово.

Идентичен одговор како Тошковски вчера даде и премиерот Христијан Мицкоски дека има „различни се информации“ и дека не сака да шпекулира во врска со тврдењата на еден од неговите заменици во Владата. Рече не би шпекулирал каде е Груби во моментот, но она што е јасно е дека инегративецот од кого се огради ДУИ, не е чист како солза.