Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски ги охрабрува жртвите на семејно насилство да пријавуваат – институциите ќе ги заштитат

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Како министер за внатрешни работи, сакам јасно да порачам дека МВР постапува бескомпромисно. Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот.

Тој ги охрабрувам сите граѓани, особено жртвите на семејно насилство и било какво вознемирување, да пријавуваат. Институциите сега се тука да ве заштитат, брзо и одлучно.

А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со „крвави раце“, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Истите тие со години ја третираа полицијата како алатка за заштита на сопствените криминални и партиски интереси, наместо како институција што ги штити граѓаните. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат, напиша Тошковски.