Досега се утврдени повеќе од 20 повредени малолетни лица и три починати малолетни лица. Имињата на починатите, по завршување на идентификацијата, ќе бидат доставени до семејствата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.
„Идентификувани се најголем број од жртвите. Сите тела кои што беа во рамки на кривично-правниот настан се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица, дел од овие лица ќе бидат пренесени во авион во Турција, дел во Бугарија, дел во Грција и на истите ќе им биде даден соодветен третман за нивно лекување“, додаде Тошковски.











