Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски: Проблемот со пасошите може да се ублажи со добра организација, Грција опстојува на ставот за рокот

/

пред 992 дена

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски смета дека проблемот со издавањето на патните исправи може да се ублажи само со добра организација, со соодветно менаџирање и прераспределување на човечките ресурси што ги има МВР. Но, нема можност за продолжување на рокот за промена на старите документи, бидејќи грчката страна опстојува на ставот да се почитуваат роковите за примена на договореното.

Тошковски вчера имаше средба со амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду, на која, како што информираа од МВР, го презентирал проблемот со недостиг на обрасци за пасошите и предложил мерки за негово решавање. Во однос на обрасците за пасошите рече дека проблемот не е со добавувачот, туку во лошото планирање, а во текот на вчерашниот ден пристигнале 50.000. Тошковски очекува до крајот на овој месец да пристигнат уште 250.000 обрасци.