Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски удри по професионалците во МВР, вели Спасовски за отказите за 15 полициски функционери

/

пред 689 дена

Сподели преку :

„Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција“, рече поранешниот министер за внатрешни работи, сега пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски. 

  • Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест.  Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа, рече тој.

Според Спасовски недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи. 

Откази за 15 полициски функционери поради незаконско издавање дозволи за оружје- се водат дополнителни истраги