Две кривични пријави против 34 физички и 3 правни лица за тешки дела по општа сигурност тив едно лице и за примање поткуп поднело МВР во врска со пожарот во дискототеката Пулс во кој животот го загубија 59 лица. За колкав поткуп станува збор министерот Тошковски не сакаше да открие.
Тошковски порача дека истрагата за случајот не запира тука ќе се проширува и дека секој што имал директна или индиректна одговорност за да се дојде до пожарот ќе одговара.
Во однос на тоа дека актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој е во оставка, на почетокот и министерот и премиерот изјавија дека нема одговорност, Тошковски рече дека со оглед на фактот дека е приведен и осомничен во случајот никој нема да биде поштеден.
Нјаголем дел од обраќањето на Тошковски беше посветено на тоа како се чувствува по пожарот, во каква состојба е државата и што треба да се презема во иднина. Според министерот, во овие моменти најважно од сѐ е да се покаже одговорност преку дејствување.
На прашање колку акции и контроли МВР имала во дискотеката во изминатите години Тошковски изјави и дека се уште се истражува.
Инаку МВР транспортирала над 250 лица до болниците, а над сто надвор од државата, а биле изработени итни патни документи за повредените и за најблиските.
Марија Митевска











