Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедија во Пинтија: Осумгодишно дете почина по напад од куче

/

пред 1288 дена

Сподели преку :

Малолетник на осум годишна возраст од скопската населба Пинтија почина по напад на куче од расата англиски бул мастив. Несреќата се случила откако детето се приближило до дворот каде кучето било чувано од страна на приватен сопственик по што било нападнато.

По нападот со тешки телесни повреди веднаш е префрлено во Градската општа болница каде им подлегнало на повредите. Неофицијално, Телма дознава дека сега починатиот малолетник бил од Општина Гази Баба, а во моментот на несреќата бил на гости кај семејство во Пинтија.

Според очевидци на местото на инцидентот доцна синоќа излезен бил јавен обвинител и екипи на МВР кои се обиделе да го заловат разбеснетиот миленик за кој сопственикот имал соодветна документација.

Од градската општа болница „Наум Охридски“ од Скопје за Телма информираат дека детето кај нив е донесено во безживотна состојба, направени се обиди за негова реанимација, но биле безуспешни. Во моментот кога било примено не дишело и немало срцева акција.

Информацијата за Телма ја потврдуваат и од МВР. Во нивното соопштение се вели дека вчера во 18:25 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Напуштени кучиња се шетаат и по градовите и во дивината каде се мешаат со волци или ловат срни и дивокози