Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трагедија во Велес: Малолетно девојче загина на пешачки премин, мајката повредена, возачот избегал со голема брзина

/

пред 1403 дена

Сподели преку :

Единаесетгодишно девојче загина, а нејзината мајка е повредена во синоќешната трагедија во Велес, кога автомобил со голема брзина удри во нив и избега од местото на настанот. Девојчето, според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), починало на лице место, додека нејзината мајка се здобила со повреди на главата и скршеница на ногата.

„Патничко возило од типот „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н. (29) од Велес, удрило во пешаците Е.И. (43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираат од полицијата.

Јавен обвинител од ОЈО Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа.

„Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, удрил во две лица на пешачки премин – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Единаесетгодишното девојче починало на местото на несреќата, додека мајката се здобила со тешка телесна повреда“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Како што се наведува во соопштението, мајката од ударот паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало. Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.