Трагедијата во Кочани ќе остане кај идните генерации како сериозна траума која ќе се пренесува транс генерациски. Нема човек кој нема да се скрши, кога ќе загуби дете. Изливите на лутината и бес нема да траат долго и тогаш ќе исплива тагата која е најтешко да се поднесе. Негацијата кај семејствата на жртвите е очекувана појава, а должност на сите граѓани е да им овозможиме да ги истагуваат своите најблиски, да не ги оптоваруваме дополнително и им покажаме дека не се сами, вели директорката на Универзитетската Клиника за психијатрија проф. д-р Славица Арсова.











