Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трајко Славески сам свој гостин

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Продолжува конфликтот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска.Од денеска капијата на бараката каде е канцеларијата на претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески е заклучена со катанец.

Освен советниците и самиот Славески мораше да пополнува образец на пријавница за да му се дозволи влез.

Тој вели дека ова него лично не му пречи, но со ова се покажува непочитување на советот, а за тоа е одговорна градоначалничката на град Скопје затоа што се што се случува се случува под нејзина надлежност.

Ова е единствениот влез од каде што сите службеници на град Скопје можат да влезат за да дојдат до своето работно место.Славески тврди дека не е функционален, создава редици при влез на вработените, а тоа може да преставува сериозен проблем во случај на пожар.

Ситуацијата во град Скопје е тензична од кога ВМРО-ДПМНЕ се раздели од Данела, а тоа најмногу се гледа на седниците на град Скопје на кои има меѓусебни расправии.

Тамара Марковска