„Нашата мала библиотека“ е еден од најблагородните проекти на кои до сега сме работеле согласни се Трајкоски и Урх. Станува збор за проект кој се реализира веќе 16 години во земјите во Европа, нудејќи им на децата да учат низ забава и во ниту еден момент да не им биде здодевно. Во рамките на овој проект досега низ Македонија беа опфатени околу 2500 деца во една учебна година.
Да се задржи вниманието на едно дете и при тоа да го осознае светот околу себе не е нималку лесно, во време во кое најмладите совршено ги следат и совладуваат современите технологии. Во која мера македонската литература за деца ги следи светските трендови будејќи ја љубота кон читањето:
„Ќе бидете изненадени не само нашето творештво за деца, туку воопшто македонската литература , мислам дека во последниве десет – петнаесет години е некаде на врвот кога станува збор за литературите на Европа. И тоа не е само мое размислување, туку од многу колеги и во издаваштвото и колеги писатели“, рече Дејан Трајкоски, директор на „Прозарт медиа“.
Доволен доказ се ако зборуваме за литературата за деца новите преводи на дела од македонски автори, еве на пример Ване Костуранов е толку многу застапен, Билјана Црвенковска која исто така е застапена во многу земји со преводи итн. Мислам дека токму во ова време на вештачка интелигенција нашата литература го има тој интересен пробив надвор од земјата.
Со проектот „Нашата мала библиотека“ и авторите и издавачите имаат можност да размисливаат за еден нов и креативен начин во промислувањето на литературата за деца.
„При создавањето на проектот имавме предвид какви се денешните деца, во какво време живеат и целото влијание на дигиталните технологии. И свесни дека децата светот најмногу визуелно го восприемаат одбравме начин една сликовница, една книга да се обработува подолг временски период со различни активности кои што нема да им бидат здодевни, но ќе го задржат нивното внимание“, изјави Аленка Урх, координаторка на проектот од „Куд содобност“.
Во рамки на проектот „Нашата мала библиотека“ беа преведени пет сликовници за деца на македонски јазик, во истовреме македонскиот автор Ване Костуранов беше преведен во шест држави.
Нина Стефанова











