Американскиот претседател, Доналд Трамп, чија земја заедно со Израел, безмилосно го бомбардира Иран денеска преку социјалните мрежи порача дека само по безусловна капитулација на Иран, може да биде постигнат договор со новите власти.
Во својот препознатлив стил, со користење на големи букви за да ги подвлече своите главни поенти, шефот на американската држава, напиша дека кога ќе биде избран „ОДЛИЧЕН и ПРИФАТЛИВ лидер(и)“, САД заедно со многу од „прекрасните и многу храбри сојузници и партнери“, ќе го направат Иран економски поголем, подобар и посилен од кога било досега.
„ИРАН ЌЕ ИМА ОДЛИЧНА ИДНИНА. ДА ГО НАПРАВИМЕ ИРАН ПОВТОРНО ГОЛЕМ (MIGA!)“ – порачува Трамп на Truth Social.












