Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп бара „безусловна капитулација“ од Иран

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп, на социјалните мрежи, објави дека „трпението е при крај“ и упати директна порака до Иран со зборовите: „БЕЗУСЛОВНА КАПИТУЛАЦИЈА!“. Во друга порака, Трамп додаде дека САД „немаат намера да го ликвидираат врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи – барем засега“.

Според информациите на CBS News, Трамп активно разгледува опција САД да ѝ се приклучат на израелската воена операција, конкретно во нападите на иранските подземни нуклеарни капацитети.

Како одговор, врховниот лидер Хаменеи ја отфрли секоја можност за компромис со Израел, велејќи: „Нема компромис со ционистите – нема милост!“. Иранската државна реторика останува непопустлива, додека пропагандата ја нагласува подготвеноста на народот за „отпор до последна капка крв“.