Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно жестоко ги нападна воените сојузници затоа што не се приклучија на војната против Иран или не помогнаа во деблокирањето на Ормускиот теснец, изразувајќи фрустрација додека Исламската Република продолжува со напади врз енергетските постројки во Заливот.
Интервенција од страна на НАТО за отворање на Ормус – теснец низ кој минува околу една петтина од глобалните текови на нафта и течен природен гас – би била „лесна за нив да ја направат, со толку мал ризик,“ напиша Трамп на Трут сошл во петокот, нарекувајќи ги другите членки на групата „Kукавици.“
Борбата со Иран е „воено ДОБИЕНА,“ рече тој, иако непријателствата продолжија на крајот од третата недела.











