Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ги замрзнаа американските донации за УНХЦР

/

пред 621 дена

Сподели преку :

Агенцијата за бегалци (УНХЦР) денеска ги повика донаторите што е можно поскоро да ги направат планираните уплати, откако администрацијата на Трамп стави стотици милиони долари на „чекање“, како дел од политиката на замрзнување на меѓународната помош. Информацијата ја потврди шефот на УНХЦР.

Филип Гранди, висок функционер на ОН за бегалци, рече оти е побарано од членките на Европската Унија и други земји со флексибилни процедури за помош, да ги забрзаат своите придонеси за да се ублажат ефектите од американското замрзнување.

„Се занимаваме со ситуации кои спасуваат животи, во кои не можеме да имаме подолги прекини на помош“, истакна Гранди во интервју во Брисел.

Набрзо по преземање на должноста на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп нареди сеопфатна ревизија на, речиси, целокупната надворешна помош на САД, за да се осигура дека е во рамки со неговата политика „Америка на прво место“.

Стејт департментот издаде налог за прекин на работата за цела постоечка странска помош и ја паузира сета евентуална нова помош.

САД се убедливо најголеми донатори на УНХЦР, агенција која помага на милиони луѓе ширум светот, бегајќи од војни и прогони. Само лани, САД донираа повеќе од две милијарди долари на УНХЦР, што претставува 40 отсто од целокупниот износ што го примила агенцијата.