Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Изминативе 72 часа светот сведочи револуција на здравиот разум

/

пред 634 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се врати на функцијата пред три дена за прв пат зборуваше пред меѓународна публика, обраќајќи им се на глобалните лидери на Светскиот економски форум во Давос преку видео линк.

Најавувајќи го уште еднаш златното доба на Америка, Трамп порача дека нејзиниот успех ќе го направи светот побезбеден и по просперитетен.

Тоа што светот го сведочи изминативе 72 часа е ниту повеќе ниту помалку од револуција на здравиот разум. Нашата држава ќе биде посилна, побогата и по обединета од претходно, а целата планета ќе биде помирна и просперитетна како резултат на овој неверојатен импулс и на тоа што го правиме и ќе го направиме, рече американскиот претседател.

Обвини дека администрацијата на неговиот претходник, Џо Бајден, потрошила 8 трилиони долари и успеала да наметне катастрофални енергетски рестрикции, тешки регулативи и скриени даноци, предизвикувајќи ја најтешката инфлација и највисоките каматни стапки, не само за САД туку и за целиот свет.

Мојата администрација постапува со невидена брзина да ги поправи катастрофите кои ги наследивме од сосема неспособната група на луѓе и да ја разреши секоај една криза со која се соочува нашата држава. Тоа започнува преку соочување со економскиот хаос предизвикан од неуспешните политики на претходната администрација, порача Трамп.