Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран, ова го изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Трамп често го користи изразот „нуклеарен прав“ кога се осврнува на резервите на збогатен ураниум на Техеран.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит изјави дека САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста дали ќе има нова рунда преговори.