Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ја намалува царината за фентанил од 20 на 10 отсто по средбата со кинескиот претседател Си

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги намалил царините за кинески увоз по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја.

По заминувањето од Јужна Кореја  Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од страна на Пекинг, континуиран кинески извоз на ретки стоки и сузбивање на нелегалната трговија со фентанил.

Царините за кинески стоки поврзани со фентанил ќе бидат намалени од 20 на 10 отсто, рече Трамп, со моментална примена.

Трамп постојано ја обвинуваше Кина за придонес кон кризата со фентанил во САД.

По средбата помеѓу Трамп и Си, што се одржа во јужнокорејска военовоздухопловна  база, немаше изјави од двајцата претседатели.

Агенциите јавуваат дека двајцата лидери звучеле оптимистички во врска со ублажувањето на трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот.

Фентанилот, високо зависен синтетички опиоид до 50 пати посилен од хероинот, може да биде смртоносен само во неколку милиграми, според американските власти, потсетува ДПА.

Во февруари, администрацијата на Трамп воведе дополнителни царини за кинески производи, наведувајќи ја кризата со фентанил како оправдување.