Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише извршна наредба која ѝ насочува на министерката за образование Линда МекМахон официјално да го започне процесот за распуштање на Министерството за образование.
Укинувањето на федералната организација од извршната власт која го раководи образовниот процес е децениска заложба на Републиканската партија, речиси од моментот кога претседателот Џими Картер го формираше министерството.
Трамп постојано повикуваше на елиминација на Министерството, нарекувајќи го „голема измама“, а се обиде да го затвори и за време на неговиот прв претседателски мандат, но Конгресот го спречи.
Министерството надгледува околу 100.000 јавни и 34.000 приватни училишта во Соединетите Држави, иако повеќе од 85 отсто од финансирањето на јавните училишта доаѓа од федералните, државните и локалните власти.
Министерството обезбедува федерални грантови за потребите на училиштата и програми, вклучувајќи пари за плаќање на наставниците на деца со посебни потреби, финансирање уметнички програми и замена на старата инфраструктура.











