Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Макрон е добар дечко, но неговата одлука за признавање на Палестина е неважна и нема тежина

/

пред 449 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја отфрли како неважна одлуката на неговиот француски колега, Емануел Макрон за признавање на државата Палестина во септември. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, смета дека намерата на Макрон „поттикнува тероризам“.

Трамп изјави дека Макрон е „добар дечко“, но неговата одлука за признавање на Палестина нема тежина.

„Тоа што го говори тој е неважно“, рече Трамп.

И американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека САД се противат на планот на претседателот на Франција. Според него, „непромислената одлука служи само на пропагандата на Хамас и ги уназадува напорите за постигнување на мир“.

„Ова е шлаканица в лице на жртвите во нападот на 7 октомври во 2023 година“, додаде Рубио.

Се огласи и Бенјамин Нетанјаху, Според израелскиот премиер, одлуката на Макрон го „поттикнува теророт“.

„Најостро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава крај Тел Авив по масакрот на 7 октомври. Таква одлука го наградува теророт и ризикува создавање на уште еден ирански посредник, токму како што беше случај со Газа“, изјави Нетанјаху.

Претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас претходно ја поздрави одлуката на Макрон како „победа за палестинските работи“.