Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп наложи објава на владини документи и досиеја за НЛО

/

пред 232 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека им наложил на Пентагон и на други надлежни агенции да започнат процес на идентификување и објавување на владини документи за вонземски живот и за неидентификувани летечки објекти (НЛО).

„На основа на огромниот интерес што е покажан, ќе наложам на министерот за одбрана, Пит Хегсет и на други релевантни одделенија и агенции да почнат процес на идентификација и објавување на владини досиеја поврзани со вонземски живот, неидентификувани воздушни феномени и неидентификувани летечки објекти, како и сите останати информации поврзани со овој многу сложен, но исклучително интересни и важни прашања“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Тру Сошл“, пренесува „Ен-Би-Си“.

Неговата објава доаѓа по интервјуто на поранешниот американски претседател Барак Обама во подкастот на Брајан Тајлер Коен. Обама притоа рече дека вонземјани постојат за подоцна да додаде дека смета „оти постојат добри шанси за постоење живот“ во вселената, додавајќи дека за време на мандатот не видел докази за постоење на вонземјани.