Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп нареди декласификација на документите за атентатот на Кенеди

/

пред 634 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди декласификација на документите поврзани со трите најголеми атентати во историјата на САД: убиствата на Џон Кенеди, Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

Новоизбраниот американски претседател изјави дека многу луѓе долго време чекале на ова откритие, и дека сите информации ќе бидат откриени. Тој исто така побара пенкалото со кое ја потпишал наредбата да му биде подарено на Роберт Кенеди Џуниор, син на Роберт Ф. Кенеди.

Иако многу документи беа објавени низ годините, голем број од нив сè уште остануваат тајни, особено оние поврзани со атентатот на Кенеди.