Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп не се откажува од тужбата против БиБиСи, ќе бара оштета во висина помеѓу 1 и 5 милијарди долари

/

пред 329 дена

Сподели преку :

Американскиот претсдетел Доналд Трамп изјави дека ќе го тужи британскиот јавен сервис, откако БиБиСи му се извини за неумесното едитирање на неговиот говор на 6 јануари 2021, но одби да му исплати компензација.

Зборувајќи со новинарите во претседателскиот авион, Трамп рече дека тужбата најверојатно ќе биде поднесена следната недела, и од БиБиСи ќе бараат компензација помеѓу 1 и 5 милијарди долари.

Морам да гонаправам тоа, тие мамеа, ги сменија зборовите кои јас ги изговорив, изјави Трамп.

Британскиот јавен сервис претходно му се извини на американскиот претседател, посочувајќи дека со спорната видео монтажа била направена ненамерна грешка создавајќи перцепција дека Трамп повикува на насилство.

БиБиСи се извини, но одби да плати компензација, како што бараше Трамп.