Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

/

пред 496 дена

Сподели преку :

Трамп: Демонстрантите во Калифорнија се бунтовници

Игор Трајков

Тој е добар човек, но ужасно неспособен, и би било одлично ако Том Хоман го уапси, рече американскиот претседател за гувернерот на најнаселената и најбогата сојузна држава во САД, Гавин Њусом, откако тој го предизвика извршниот директор на операциите за депортација на нелегални доселеници.

Гавин го обожава публицитетот, но мислам дека тоа би било одлично. Тој ужасно лошо работи. Видете, ми се допаѓа Гавин Њусом,тој е добар човек, но ужасно неспособен. Треба само да ја погледнете малата железница која ја гради. Чини 100 пати над предвидениот буџет, рече американскиот претседател.

Ситуацијата во Калифорнија, по викендот насилни протести се заканува да излезе од контрола, а претседателот се чини дека ужива да додава масло во огнот. Откако прво нареди распоредување на Националната гарда, и најави испраќање и на војска, денеска демонстрантите ги нарече бунтовници.

Луѓето кои ги предизвикуваат овие проблеми се професионални агитатори, тие се бунтовници, лоши луѓе. Треба да бидат во затвор, порача трамп..

Њусом од своја страна порачува дека нема да се повлече толку лесно. Денеска поднесе тужба против федералната влада за распоредувањето на Националната гарда во неговата држава, а повикот на Трамп да биде уапсен го оцени како непобитен чекор кон авторитаризам.